“Непрекинлива и просторна контрола” со Башак Шенова, презентација организирана од страна на ПРЕС ТУ ЕГЗИТ

ПРОЕКТНИОТ ПРОСТОР ПРЕС ТУ ЕГЗИТ ве поканува на презентација “Непрекинлива и просторна контрола” и отворена дискусија со кураторката Башак Шенова, како дел од програмата „Кураторски размени 4“.

Петок, 27-ми март, 2015 година со почеток во 19. 30 ч. Презентација ќе се одржи во просториите на Агенција за сериозни интереси, адреса: ул. Ѓорѓи Пешков 6, прв кат, 1000 Скопје.

jerusalem1

Башак Шенова има изјавено дека “без оглед на конструираните истории и колективни мемории, чинот на помнење секогаш е поврзан со ‘определено место”. Секоја афирмативна перцепција на просторот неопходно се историзира и политизира. Оттука, повеќето од овие специфични места се обременети со меморија и контролни механизми. Постојаните непрекинливи и просторни обмислувања во поголемиот дел од нејзината кураторска работа се оформени низ овие услови.”

Од таму произлегува прашањето: – Која е одговорноста на кураторот во однос на специфичните места полни со меморија, спротивставени сензибилитети, и контролирачки ентитети? На кој начин кураторскиот концепт е во корелација со просторните, физиолошки, идеолошки, историски, комуникациски и информативни предизвици? Во оваа насока, Шенова нуди четири кураторски проекти за дискусија, а тоа се: “UNCOVERED. Nicosia International Airport”, Кипар, (2010 – 2013); Второто биенале на современа уметност, D-0 ARK Underground” (2013) во Коњич, Босна и Херцеговина; Хелсиншкото биенале на фотографија (2014); и Jerusalem Show (2014). Тие служат како примери за разгледување на низа социјални, политички и културни состојби кои го обликуваат развојот на проектите, како и улогата на контролирачките механизми во овој процес. Овие случаи не треба да се сметаат единствено за обиди за детектирање на тактики и начини на справување против притисоците и условите на постоечките механизми на тензија, туку истовремено имаат потенцијал да прикажат низа можности за производство на креативни и критични средства и програми кои рефлектираат на тие механизми.

 

Биографија на Башак Шенова:

БАШАК ШЕНОВА (Basak Senova) е куратор и дизајнер. Студирала литература и графички дизајн (MFA in Graphic Design and Ph.D. in Art, Design and Architecture at Bilkent University) и била дел од 7. Програма за обука на куратори на Stichting De Appel, Амстердам. Има пишувано текстови за уметност, технологија и медиумите, иницирајќи и развивајќи проекти и курирајќи изложби, од 1995 година.


Шенова е уредник на art-ist 6, Kontrol Online Magazine, Lapses book series, UNCOVERED, Aftermath и други публикации. Таа е уреднички дописник за ibraaz.org и еден од основачките членови на NOMAD, како и организатор на “ctrl_alt_del” и “Upgrade!Istanbul”. Шенова беше куратор на турскиот павиљон на 53. Биенале во Венеција. Како асистент, таа држи предавања на различни универзитети во Истанбул, како Kadir Has University, Bilgi University и Koç University. Таа, две години по ред, ја курира колекцијата на Zorlu центарот (2011-2012). Ко-куратор е на UNCOVERED (Кипар) и 2nd Biennial of Contemporary Art, D-0 ARK Underground (Босна и Херцеговина). Во 2014 година, таа е дел од Art Gallery Chair of (ACM) SIGGRAPH 2014 (Ванкувер), куратор е на Helsinki Photography Biennial 2014 и Jerusalem Show.

Оваа година, таа е куратор и на Македонскиот павилјон на 56-тото биенале во Венеција, кое се претставува со проектот „Ние сите сме сами во ова“ на Христина Иваноска и Јане Чаловски, a e во организација на Националната галерија на Македонија.

 

Информација за „Кураторски размени 4“

КУРАТОРСКИ РАЗМЕНИ е годишен симпозиум кој ја третира локалната и регионална потреба од квалитативна размена на знаење и искуства кои се однесуваат на уметнички истражувања, кураторски практики и едукација. Симпозиумот е концептуализиран во 2012 како дел од програмата „Иницијатива за кураторски гостувања“, и адресира прашања кои ја потенцираат потребата од преиспитувања на улогата на кураторот и можноста тој да се најде во улога на генератор и двигател на нови социо-политички и културни промени. Освен што дава увид во колективните регионални и интернационални перспективи на полето на кураторските практики, и интегрира нови знаења и експертизи во контекст на случувањата на македонската и западно-балканска уметничка сцена, една од неговите цели е да создаде платформа за размена на идеи и знаење кои ќе продолжат да се развиваат, анализираат и продуцираат и во иднина.


Четвртото издание на симпозиумот нуди можност за две предавања и подобро запознавање со работата на двајца интернационални куратори, Башак Шенова (независен куратор, Истанбул, Турција) и Андерс Кругер (Куратор во МУХКА, Антверп, Белгија).

Кураторски размени 4 е подржан од Министерствотo за култура на Р. Македонија во програмата за 2015 година, и е реализиран во соработка со независниот културен центар Агенција за сериозни интереси од Скопје.

10877380_962039323820660_1277489884_n

За повеќе информации обратете се на:
Јованка Попова
Тел: 071-470-779
Е-маил: presstoexit@gmail.com
www.presstoexit.org.mk

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s