Биографија

Зорица Зафировска е (р. 1982, Скопје) Во 2006 дипломирала на Факултетот за ликовни уметности во Скопје и е студент на постдипломските студии на Институтот Евро Балкан. Зад себе има направено неколку самостојни изложби кои се резултат на долготрајни истражувачки проекти кои имаат широк спектар на тематики, како што се социјално-општествените, научните достигнувања и конзумеризмот.
 
Самостојни проекти има реализирано во рамките на SIA галеријата, Скопје (со Кристина Божурска) 2015; Дом на градежниците, Кора галерија, Скопје 2012; Мала галерија Скопје, 2011; Арт И.Н.С.Т.И.Т.У.Т., Скопје, 2009; Француски културен центар, Скопје 2008; Магаза, Битола, 2007, итн.
 
Работи на социјални теми поврзани со деца на улица и е автор на публикацијата Pocketpedia of the human trafficking in the 21st century во 2008, која е направена како резултат на двегодишно истражување на тема трговија со луѓе која покрај промоцијата во Македонија, беше презентирана на Expo – Shanghai, Кина, Artworks and Antiques во 2009.
Член е соработник на Фрик банда за кои работи како координатор и селектор на видео-арт програмата на млади македонски автори, како и на дел од програмата во рамките на Фрик фестивалот. Основач и член е на Арт И.Н.С.Т.И.Т.У.Т. и на иницијативата Моми каде што и денес членува. Има две номинации за наградата за млад уметник „Денес”.
Живее и работи во Скопје и Абердин.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s