Велимир Жерновски биографија

1459997_10152416002401927_8094291684246887499_n

Жерновски Велимир, работи и живее во Скопје и Белград.

Дипломирал на Факултетот за ликовни уметности, Универзитет Св. Кирил и Методиј, Скопје. Во моментов тој е студент на постдипломски студии на Катедрата за културни студии на Евро-Балкан Институт за општествени и хуманистички истражувања во Скопје и на катедрата по сликарство на Факултетот за ликовни уметности во Скопје.

Преку медиумите на цртежи, видеа, инсталации, објектни инсталации во јавниот простор, пишување и објавување на уметникови книги ги истражува поимите на идентитетот, урбаноста и популарната култура .

Има остварено повеќе самостојни изложби во Македонија и странство: Белград (2014), Њујорк (2010, 2012), Париз ( 2011), Виена (2009, 2011), Фрајбург (2009), Скопје (2006, 2007, 2010 , 2012, 2013, 2015) , има учествувано во групни изложби во Србија, Словенија, Косово, Австрија, Германија, Холандија, Македонија, Турција и САД. Тој е куратор и ко-куратор на неколку проекти и изложби и учествувал во повеќе меѓународни проекти и соработки.


Има работено како кураторски асистент на press to exit project space – специјален проект на швајцарската програма за култура во Македонија, работел како истражувач на Универзитетот Евро-Балкан (2011-2013) ; Член е на Програмскиот одбор на ИТИ ( Меѓународниот театарски институт – Македонија ) и активно учествувал во програмата на Коалицијата Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници (2011-2015).

Од 2008 Жерновски е ко-основач и претседател на ФРИК Формација за развој на иницијативи во културата, организација која работи на мотивирање на социјално ангажирана уметност продукција и демократизација на општеството, преку предрасудите и стереотипите. Од 2013 е ко-основач на ИПАК центарот во Белград.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s