„Однасловено“ Споменик на Велимир Жерновски

11154733_1606249886257799_4873560705478110139_o
Пиета на Велимир Жерновски, Видео, ХД, 9:00 мин., 2014. Во сооработка со Никша Хермаан и Себастијан Берета. Копродуцирано со ИПАК Центар.

 

 

Агенција за сериозни интереси (SIA) ве поканува на отворањето на изложбата

„Однасловено“ Споменик

на Велимир Жерновски

 

Отвoрање: Вторник, 05.05.2015 год. со почеток во 21:00 ч.


во Агенција за сериозни интереси (SIA)
Адреса: ул. Ѓорѓи Пешков 6, прв кат, 1000 Скопје
Веб: www.seriousinterestsagency.com

 

 

„Однасловено“ Споменик


„Главата е орган на размена, но срцето е љубовен орган на повторувањето“
(Жил Делез, Разлика и повторување)

Фигурата на срцето како љубовен орган на повторувањето на еден ненаметлив начин го проткајува творештвото на Велимир Жерновски. „Срцето“ на уметноста на Жерновски (од Alice, What Else is Out There? (2010), „Однасловено“ Распетие (2014), „Однасловено“ Трепти, трепти (2014), „Однасловено“ Пиета (2014), This is not the person I knew (2015) па до најновата инсталација „Однасловено“ Споменик отчукува во ритамот на повторувањето. Се повторуваат култни ликови (Алиса, Мики Маус) и културни модели (Одраниот вол од Рембрант, Пиета од Микеланѓело). Се повторуваат без да се повторат. Се повторуваат без можност повторно да се повторат. Зошто повторувањето не се одвива површински, туку длабински, онаму каде e невозможно да се повтори ниту сонот, ниту смртта. Онаму каде секој сон, секоја смрт е различна во повторувањето. Онаму каде разликата во повторувањето се исполнува само со различното.

Во најновата инсталација „Однасловено“ Споменик, составена од позлатени објекти поставени како „споменици на една тага“ (бесилка, цртеж и алатки за чистење) и од видеото Пиета, презентирано минатата година во РЕКС центарот во Белград, Жерновски создава сцена на енергетски, сетилни и афективни контрасти. Сивилото наспроти светкањето на позлатата, скаменетоста наспроти расеаноста на трагите, заборавот наспроти сеќавањето. Но тоа не се контрасти кои (се)исклучуваат, туку контрасти кои (се)преобразуваат, (се)поместуваат, длабејќи го просторот на тагата. Во тој простор споменикот не се втемелува за да трае, за да го материјализира сеќавањето во некаква цврста и исполнета присутност. Споменикот е тука за да ги згусне, да ги фабуларизира тагата, загубата, заборавот. Во Пиета загубата не е претставена, туку изложена како чист интезитет на одземеност во чија позадина отчукува „љубовниот орган на повторувањето“ (осмислено преку фрагмент од музиката на Р. Сакамото за документарниот филм Дерида).

За Жерновски споменикот не фиксира, не втемелува, туку преобразува, преместува. Оттаму, „Однасловено“ Споменик може да се чита, не како споменик на сеќавањето, туку како споменик на интезитетот на тагата: тука, пред недопирливата занеменост на тагата може само да се трепери и изместува, онака како што трепери и се изместува праменот на косата на оној што тагува.

 

Текст на Љиљана Неделковска

Скопје, 2015

Биографија на Велимир Жерновски

 

cropped-screen-shot-2014-03-04-at-18-29-532.png  Screen shot 2015-04-30 at 21.23.15   Screen shot 2015-04-30 at 21.22.48

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s