Даниел Серафимовски

Предавач за архитектура Даниел Серафимовски, е роден во Данска, живеел во Венеција, Скопје, Единбург, сега живее и работи во Лондон од 1997 година.

Даниел Серафимовски, постдипломските студии ги завршил  на Факултетот за Архитектура на Кралската  Данска академија за уметност, архитектура, дизајн и конзервација (The Royal Danish Academy of Fine Arts, Schools of Architecture, Design and Conservation / School of Architectureво Копенхаген во рамките на што 2 години студирал на Istituto Universitario d’Architettura во Венеција. Дипломирал  на Архитектонскиот Универзитет (Edinburgh University’s Architecture Department) во Единбург. По завршувањето на постдипломските студии престојувал 1 година во Рим по покана на  Данскиот институт за уметност и наука во Рим (Danish Institute of Art and Science in Rome).

Универзитетски предавач

Даниел Серафимовски е виш предавач (Senior Lecturer) на London Metropolitan University сегашен назив Sir John Cass Faculty of Art, Architecture and Design каде што предава од 2010 година како предавач за архитектонски дизајн  на Diploma Unit (MA постдипломски студенти). Од 2002 до 2010 на истиот универзитет предавал Архитектонско проектирање на BA студенти и предмет Архитектонска историја, теорија и интерпретација, а за предметот Архитектура и  филм (2004-2013) самостојно подготвувал програми.

Предавал архитектонски предмети, претежно Архитектонско проектирање и на други факултети во Велика Британија  – Oxford Brooks, Оксфорд; University of Nottingham, Нотингхам, итн.

Тој беше предавач (Visting lecturer) во 2008 година на корејскиот Националниот универзитет за уметност и архитектура (Korean National University of the Arts) во Сеул, и од 2000 година бил покануван како предавач (Visting lecturer) на Кралската Данска академија за уметност и архитектура (Royal Danish Academy of Art in Copenhagenво Копенхаген.

Работни ангажмани

Почетното работно искуство го стекнал во архитектонските студијата на Henning Larsen и Пол Игеман во Копенхаген. Потоа во Лондон работел за Claudio Silvestrin Architects ( 2000-02 ) и David Adjaye Associates  (2001-03), како главен проект архитект.

Освен академските активности Даниел Серафимовски од 2002 година има основано сопствено архитектонско студио во Лондон.

Неколку линкови:

Conversation Pieces

Unit 5, Postgraduate, Daniel Serafimovski and Pierre d’Avoine, Sir John Cass Faculty of Art, Architecture and Design

Foundation for Architecture and Education, RESISTENZA, Luigi Snozzi in conversation with Daniel Serafimovski

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s