Живи библиотеки: архиви на граѓанска непослушност“

10407426_334857933364941_7162972909527130665_n

ИЗЛОЖБА
Наслов: Обид за бегство од малцинството
Куратори: Ивана Васева, Филип Јовановски
Изложбени денови: 27.11 – 04.12.2014
Локација: Serious Interests Agency (SIA), Ѓорѓи Пешков 6, 1000 Скопје, Македонија

Автори:
Кустоска платформа (Загреб), Група A – БЕ – ЕС (Загреб – Риејка – Крк), Учителот Незнајко и неговите комитети (Белград), Даниел Серафимовски (Скопје – Лондон), Ивана Васева, Филип Јовановски (Скопје)

Идејата за оваа поставка од долгорочни истражувачки проекти започна да се гради околу неколку термини: еднаквост, заедница, читачка група, политичност, базирајќи се на повеќе идеи на францускиот филозоф Жак Рансиер, објавувани низ неколку негови книги.

Оваа поставеност ја сврзува во група желбата за начнување и промислување на неговиот концепт за субјективизација или она што се појавува како резултат на еманципацијата објаснета како „бегство од малцинството“ кој неминовно вклучува процес на „креирање на пукнатина во редот на нештата“.1

Оваа негова елборирана мисла, во рамки на еден образовен процес и во форма на претставените проекти  се јавува како вид на исчекор кон попрактично контемплирање за субјективизацијата. Сепак, поставката во ваква рамка е само обид за „читање“ на одредени пракси во Рансиеровски рамки и тоа на едно погенерално но поддржувачко ниво, додека самите проекти во себе отвораат низа прашања и реалности кои содржат и многу други длабочини на „избегнување на малцинството“.

Во оваа збирка од различни архиви, заедно се предложени повеќе практики како: годинешното истражување на Кустоска платформа за уметноста и индустријата (уметноста/уметничкиот свет автономен, но и истовремено хетерономен), А-бе-ес-овата деконструкција на надредената улога на професорот (Жакото како пример за вистинска еманципација, релациите на едукативниот авторитет кои мора да бидат разградени), процесот на еманципација и субјективизација (Учителот Незнајко и неговите комитети), алтернативна форма за културна размена и споделување (Отворена архива, Даниел Серафимовски), Живите библиотеки како процес, истражување и самоедукација.

Заедно, овие поединечни архиви преиспитуваат односи, констелации и корелации осврнувајќи се на минати дискурси и преиспитувајќи ги во сегашноста. Тие се дел од една голема библиотека на знаење, како во Борхесовиот расказ „Библиотеката на Вавилон“, во кој светот е замислен во обликот на една огромна библиотека која ги содржи сите можни книги, одредени величини и формати, а ние, во овој момент сме застанати токму на тој дел и концентрирано и фокусирано читаме книги кои денес треба да се знаат напамет.

ПРОЕКТИ

* ВИЗУЕЛНА МИНИ – ПРЕЗЕНТАЦИЈА на Практикумот на Кураторската програма (модул на кураторскиот практикум „Соодносот на уметноста и производството“ 2013/14 кој резултирал со изложба насловена „Работник Работничка/ Уметник Уметничка“) на Кустоска платформа, Загреб

Ивана Мештров (Слободне везе) и Ана Ковачиќ (Галерија „Мирослав Краљевиќ“) во рамки на оваа изложба ќе ја претстават работата на „Кустоска платформа“ и еден нејзин сегмент – Практикумот.

Изложбата, а подоцна и публикацијата, „Работник Работничка/ Уметник Уметничка“ произлегува од Практикумот на „Кустоска платформа“ – програма која има за цел да овозможи дополнителна теориска и практична едукација на полето на современата уметност и се одржува во Загреб, од 2008 г, во организација на „Слободне везе“ и под водство на историчарките на уметност и кураторки, Михаеле Рихтер и Ивана Мештров. Работата на конкретниот истражувачки проект е составен дел од кураторскиот програм, овозможувајќи им на учесниците увид во можните методолошки, технички и теориски алатки врзани за концепција и реализација на изложби/проекти од современата уметност.

Практикумот 2013/2014 г. е работен во партнерство со Галеријата „Мирослав Краљевиќ“ (http://www.g-mk.hr/) и се oдвивал на две нивоа: преку читачки групи водени од Ана Кутлеша, членка на организацијата БЛОК, и истражувачка работа во групи на избрани под-теми, кои ги осмисли и ги водеше кураторката и водителка на Галеријата „Мирослав Краљевиќ“, Ана Ковачиќ. Целта на Практикумот беше да ги упатува учесниците во конкретни истражувања во рамки на однапред зададени теми: соодносот меѓу уметноста и производството. Истражувањата на четирите групи учесници доведоа до нацрти за студии на оваа тема, а исто така, служат како вовед во натамошни истражувања на овие особено широки и комплексни теми.

Покрај претставувањето на овој проект, Ивана Мештров и Ана Ковачиќ ќе претстават и избор од текстови од списанието за образование, култура и уметност „Културен работник“, кое излегувало од 1948 го 1991г. во издание на „Просветен сабор“ од Хрватска со агенда усмерена на работничката култура и нејзиниот теориски контекст како и еманципација на работниците низ култура. Истовремено, тоа е простор за компаративно согледување на денешната ситуација, како и условите за производство и механизмите на функционирање во полето на културата.

* ВИДЕО ДОКУМЕНТАЦИЈА од проектот „Праксата на А-бе–ес замислена како класна борба во високата уметничко-образовна класа“ на Групата А-бе-ес изведен на Академијата за применети уметности во Ријека и насловен „Класна борба во часовите по сликарство“ (2012).

Паралелно со делувањето на полето на визуелната уметност, групата А-бе-ес, делува и во замрсениот педагошки однос „учител – други“. Членовите на групата се дел од институционалниот образовен процес: Алан Алебиќ е доцент на Академијата за применети уметности во Ријека, Ивица Блажиќ бил асистент на 3 година од 2009-2012 год. на Академијата за применети уметности во Ријека, а Иван Скврце е асистент на Академијата за ликовни уметности во Загреб. Таквиот статус им одредува посредничка улога во процесот на трансферирање знаење меѓу нивниот надреден професорски статус и оној на студентите, и нив ги соочил со два клучни проблема: за начинот на функционирањето на високообразовните институции во поширокиот, европски контекст, во време на постоење на визуелни, културни, родови, неоколонијални и интердисциплинарни студии, кое е сосема поразлично со очекуваната наобразба која студентот би требало да ја добие, за да биде способен да се соочи со тековниот културно-историски момент, во рамки на кој го изведува својот уметнички идентитет.

Во рамки на проектот насловен „Класна борба во сликарската пракса“, групата А-бе-ес одлучила  да изведе автокритика на сопствената уметничка пракса и да поттикне на институционална образовна интроекција во самиот студиски програм. Преку тактиката на интровертирање, сопствените позиции на асистенти ги замениле со потчинетата улога на моделот за позирање и на тој начин преку сопственото тело се обидуват да ја опримерат наставата со примери од современата уметност. Па, така, наместо на студентите да им нудат цртање на пози на модели како контрапостниот манир на Аполон Белведерски, тие им нудат симулации на повеќе перформативни дела на неоавангардни и поставангардни уметници од земјите на поранешна Југославија или пак од светот.

Во самиот процес на трансферирање на знаење во институцијата, каде знаењето се изведува првенствено низ призмата на емпироцентричниот чин, групата А-бе-ес во чинот на опримерување ги препознава симптомите на одреден идентификациско – историски дискурс, според чии матрици се усвојува и знаењето. Со овој чин на позирање тие го поставуваат прашањето: кој има право да дава примери во наставата, бидејќи опримерувањето во искуството е битен афектациски настан со која уметничката пракса се транспонира во создавачка.

Со оваа пракса, групата А-бе-ес сака да даде приказ на колаборативна работа со студентите каде надредените имаат функција на служење на потребите на студентите во овој културно-историски момент. Целиот овој зафат во образовниот процес на институциите е изведен во рамките на доброволната соработка меѓу студентите со дозвола на надредените професори и тоа првенствено затоа што нивното позирање е сфатено како уметност.

Овој проект до сега се изведувал во Милано во Nuova academia di belle arti во рамките на проектот Learning Machines, во Ријека на Академијата за применети уметности и во Љубљана на Факултетот за ликовни уметности и дизајн, а делата се претставувани во ЦИЗ Галерија во Ријека, МСУ во Загреб, МСУВ во Загреб, НАБА Милано, Галерија Фурини и МАКРО во Рим.

* ИНСТАЛАЦИЈА „Живи библиотеки“ процес = истражување = интерпретација  Автори: Филип Јовановски, Ивана Васева

Оваа мини- инсталација е еден замрзнат момент од процесот и истражувањето на проектот „ЖИВИ БИБЛИОТЕКИ: архиви на граѓанска непослушност“ кој се одвиваше во текот на цела 2014 г. во Битола, а потоа и во Тетово, Гевгелија, Прилеп и Кавадарци. Инсталацијата ја сочинуваат: читачки сесии, продукции, дискусиони групи, библиотека од книги и видео документација од јавни настани. Таа нема претензија да го презентира процесот на досегашната работа, на тој начин нудејќи слика за еден изминат процес, туку има за цел да ја отвори архивата за нови читања и толкувања, за нови интерпретации и оценувања кои воспоставувајќи физички допир со архивата повторно заживуваат во стварноста.

* ИНСТАЛАЦИЈА ОД ПРОЕКТОТ „Отворена архива“ на архитектот Даниел Серафимовски во соработка со Агенција за сериозни интереси (СИА) (2014)

Отворена архива е проект на Даниел Серафимовски (м-р по архитектура и доцент по проектирање на Кас Школата за уметност, архитектура и дизајн, Лондон Метрополитен Универзитет), во соработка со Агенцијата за сериозни интереси (СИА), Скопје.

Отворената Архива  е архивски проект за архитектура и уметност  кој прво беше изложен во форма на инсталација во Музејот на Град Скопје (06.05.-01.06.2014) како дел од БИМАС 2014, XVII-то Биенале на македонската архитектура. Изложбата започна со објавување на Отворен повик до граѓаните на Скопје да придонесат со сопствени материјали за создавање на архива која има за цел да се забави процесот на губењето на колективната меморија за градот Скопје. Архивата, исто така, треба да претставува алтернативна платформа во рамките на која различни видови истражувања и документација поврзани со градот (особено тие поврзани со архитектонското и културното наследство) можат да бидат собрани, архивирани, споделени и ставени на располагање за дискусија, дебата, критика и размислување. Скопје е Град кој има искусено серија на трауматични трансформации – вклучувајќи ги тука и катастрофалниот земјотрес пред половина век, социо-политичките промени на почетокот на 90-тите, како и неодамнешните интервенции кои го дефинираат проектот „Скопје 2014“. Градот со голема брзина го губи своето чувство за идентитет, при што голем број на вредни објекти се заменуваат или преобразуваат со незапамтена брзина до степен на непрепознатливост. Богатото модернистичко наследство на градот, цели делови на градот, како и неговиот општ дух се наоѓаат под закана што доведе до појава на општо чувство на загуба и немоќ. Во тековната клима, потребата повторно да се открие, собере, документира  и сподели истражувањето со цел да се овозможи критичкото размислување за градот кој исчезнува, претставува форма на дејствување/реагирање во однос на сегашната  реалност.

Во текот на целото времетраење на првичната изложба на „Отворената архива“ во Музејот на град Скопје, Отворениот повик беше објавен за архитектите и урбанистите, за уметниците и писателите чија работа се однесува или е инспирирана од градот и животот во него, но, исто така, и за “обичните” граѓани кои имаат свој независен интерес (создале специфична колекција на книги, фотографии, мапи или разгледници). Собраниот материјал на изложбата која сé повеќе растеше, беше реформатиран, тематски сортиран и изложен на една долга централно поставена маса и долж два ѕида во рамките на инсталацијата во Музејот на град Скопје. Изложбата беше финализирана со јавна дебата, со тема за сведоштвото на градот кој исчезнува, која беше надополнување на амбициите за интерактивност и дискурзивност на проектот и на форматот на изложбата. Учесници на дебатата беа: Ристо Аврамовски, Минас Бакалчев, Никола Гелевски, Ѕвездан Георгиевски, Влатко Коробар, Иван Мирковски, Максим Наумовски и Даниел Серафимовски. По самото завршување на изложбата продолжија да се водат разговори за планираната трета фаза, издавањето на „Книга за градот“ (книга во која ќе се вклучи избор од собраните дела од „Отворената Архива“).

Во  последните неколку месеци, проектот продолжи да расте преку добивање и создавање на нови материјали и идеи за негово проширување и понатамошен развој. Вклучувањето на „Отворената Архива“ како дел од проектот „Живи библиотеки“ каде што ќе биде изложен избор од собраниот материјал во форма на досиеја, книги, цртежи, фотографии, мапи и други материјали како дел од инсталацијата која ќе наликува на јавна читална, лоцирана во галерискиот простор на SIA, Агенцијата за сериозни интереси во Скопје.

Современата уметност пројавува интензивен интерес за архивата, како во буквална, така и во метафорична смисла. Овој „архивски импулс“ како што го нарекува Хал Фостер, отвара прашања во врска со можностите на вистината, сведоштвата и жалењето за загубата во рамките на и преку архивата. Работата на уметниците како што се Герхард Рихтер, Илја и Емилија Кабаков, Берндт и Хила Бехерил го отсликуваат моќниот потенцијал на архивската форма како сведок на процесот на истражување и творење на уметникот (’Атласот’ на Рихтер) или како складиште за реализирани, нереализирани проекти, како и утописки проекти (’Палатата на проектите’  или ’Споменикот на изгубената цивилизација’ на Кабаков). Теоријата на Алдо Роси за ’аналогните градови’ која говори за сложените односи помеѓу личното и колективното, како и градот како навистина колективно уметничко дело се во основата на проектот „Отворената Архива“. Градот е жива архива на уметноста и архитектурата на своите граѓани, на својата култура и дух. Со цел да се постигне вистинско чувство за историскиот континуитет, секој слој и димензија на градот заслужува да биде истражен, документиран и вреднуван, наместо да биде избришен и порекнуван. Со фокусирањето на последните сто години историја на градот Скопје, овој архивски проект претставува покана за своите сограѓани да земат учество во колективниот потфат за неговата ре-евалуација и заштита.

– МИНИ – ИНСТАЛАЦИЈА Билтени за самообразование и општествени прашања произведувани во текот од 2011, 2012 и 2013 год. од Учителот Незнајко и неговите комитети од Белград

ДЕБАТА /ОТВОРЕНО ЧИТАЊЕ Јавна читачка група: Работник Работничка / Уметник Уметничка со Кустоска платформа (Ивана Мештров, Ана Ковачиќ), Загреб.

1508606_335562999961101_3977006902639736396_n

10525985_335562933294441_165218943439069869_n

ДЕБАТА /ОТВОРЕНО ЧИТАЊЕ Јавна читачка група: Работник Работничка / Уметник Уметничка со Кустоска платформа (Ивана Мештров, Ана Ковачиќ), Загреб. DEBATE/OPEN READING GROUP Title: Male Worker Female Worker / Male Artist Female Artist Debate/ open reading group regarding the work of a Curatorial Platform from Zagreb and one of its segments – Practicum with Ivana Mestrov and Ana Kovacic.

ДЕБАТА /ОТВОРЕНО ЧИТАЊЕ Јавна читачка група: Работник Работничка / Уметник Уметничка со Кустоска платформа (Ивана Мештров, Ана Ковачиќ), Загреб. DEBATE/OPEN READING GROUP Title: Male Worker Female Worker / Male Artist Female Artist Debate/ open reading group regarding the work of a Curatorial Platform from Zagreb and one of its segments – Practicum with Ivana Mestrov and Ana Kovacic.

ДЕБАТА /ОТВОРЕНО ЧИТАЊЕ Јавна читачка група: Работник Работничка / Уметник Уметничка со Кустоска платформа (Ивана Мештров, Ана Ковачиќ), Загреб. DEBATE/OPEN READING GROUP Title: Male Worker Female Worker / Male Artist Female Artist Debate/ open reading group regarding the work of a Curatorial Platform from Zagreb and one of its segments – Practicum with Ivana Mestrov and Ana Kovacic.

ДЕБАТА /ОТВОРЕНО ЧИТАЊЕ Јавна читачка група: Работник Работничка / Уметник Уметничка со Кустоска платформа (Ивана Мештров, Ана Ковачиќ), Загреб. DEBATE/OPEN READING GROUP Title: Male Worker Female Worker / Male Artist Female Artist Debate/ open reading group regarding the work of a Curatorial Platform from Zagreb and one of its segments – Practicum with Ivana Mestrov and Ana Kovacic.

 

ОТВОРАЊЕ НА ИЗЛОЖБАТА – Фото на  Зоран Шекеров

10420358_334859843364750_6766831892995367575_n

10428062_334859753364759_6085931912334441034_n

10731071_334860373364697_380621320266028449_n

10710679_334860273364707_9175372377212891238_n

10624629_334860263364708_8958494319160131351_n

10612716_334859926698075_5883196661668332534_n

10523284_334859993364735_5973053619317626897_n

10462352_334860710031330_2978712566232979317_n

10441045_334860026698065_8613756709102199888_n

10421347_334860883364646_5381988288730934392_n

10420027_334860546698013_3355635391825241968_n

10408004_334860866697981_8496430819246614506_n

10401424_334860100031391_2627227453095471680_n

10252059_334860910031310_4014899926481041223_n

1972527_334860516698016_9175906276889822577_n

1513750_334861020031299_2824552407246555682_n

1507573_334861030031298_1439437651445305820_n

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s