ЖИРИ КОМИСИЈА

Жири комисијата е составена од:

Марта Попивода (во средина)
Марта Попивода (во средина)

Марта Попивода, родена во 1982, во Белгард, живее и работи во Берлин и Белград. Таа е режисерка, видео уметник и културна работничка, недамнешен добитник на наградата „Берлинска уметничка награда за визуелна уметност„. Марта е Магистер по филмска и ТВ режија на Факултетот за Драмски уметности во Белград. Во 2011 година таа започнува со магистерски студии следејќи ја програма по експериментален филм на одделот по арт и медиа на Берлинскиот Универзитет за уметност. Во рамките на студирањето добитник е на ДААД стипендијата.

Марта е член на едиторијалниот колектив „TkH Walking Theory“, теоретско-уметничка платформа од Белград, преку која таа иницира и учествува во локални и меѓународни уметнички проекти.

 

Blanca De La Torre
Бланка Де Ла Торе, од десно

 

Бланка де ла Торе, родена во Леон во 1977. Работи како куратор од 2009 г. во Артиум Музеј, Центар на современа уметност во Виториа-Гастеиз, Шпанија. Претходно во 2004 г., се стекнува со стипендија во MUSAC музејот во Леон, а во 2006 стапува во соработка со Првото Биенале во Сингапур.

Таа е и куратор на голем број значајни изложби и директор на неколку проекти како Biting the Hand that Feeds you, From Here to Everywhere, Profiling Postcity, UN (inverse), Deals, Shapes and Void, Midnight in the City, Santiago Sierra No Global Tour, Esther Ferrer, Ignasi Aballi.

Бланка се појавува како куратор на еден голем број значајни изложби како Diálogos; Video(S)torias;  Piel de Gallina. Regina José Galindo; Let’s Spit on the Genius; Time of Emergencies; Montage of Attractions; Of More Than One Voice, Katarina Zdjelar. Таа е исто директор на неколку проекти како Biting the Hand that Feeds you, From Here to Everywhere, Profiling Postcity, UN (inverse), Deals, Shapes and Void, Midnight in the City, Santiago Sierra No Global Tour, Esther Ferrer, Ignasi Aballi.

 

Screen shot 2015-03-03 at 20.55.37
Nebojsa Vilik

Д-р Небојша Вилиќ, роден 1962 г., Велес, Македонија,тој е историчар на уметност и редовен професор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Во ноември 1996 г. ја одбранил докторската дисертација на тема „Предметот во уметноста на 20-тиот век“ на Одделението за историја на уметноста при Филозофскиот факултет во Белград, насока модерна уметност.

Последните седум години работи на истражувањето на тема „Политичка уметност“ коешто се однесува на позицијата на „уметноста со релација“ со/во/од/за општествената заедница. Автор е на околу 180 текстови, 11 книги и публикации. Бил куратор на околу педесетина изложби во Македонија и во странство, а учествувал на повеќе од 40 меѓународни симпозиуми и конференции.

 

petra
Петра Бишоф, десно

Петра Бишоф е стратешки директор од art∡ngle во Белград, Србија, независна организација посветена на развојот на просперитетни општества во регионот преку активно вклучување во културниот развој. Таа работи во земјите од Западен Балкан и воспоставува партнерства со поширокиот регион и со други делови на Европа. art∡ngle е основана во 2012 година и е базирана на искуството од Про Хелветиа – Швајцарската програма за култура во Западен Балкан, во која Петра беше стратешки директор во Скопје.

 

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s