Агенцијата за сериозни интереси (Serious Interests Agency) е независна културна агенција, иницијатива или институција со седиште во Скопје.
Целта на Агенцијата за сериозни интереси (SIA) е да ги промовира креативните и теоретските практики кои подразбираат општествен ангажман и промена. SIA ги поддржува уметничките, кураторските и теоретските/истражувачките активности, вклучувајќи го и урбаното и архитектонско истражување опфаќајќи широк спектар на медиуми, преку јавни изложби, онлајн изложби, престојувања, презентации и отворени дискусии, како и публикации.
Директорите и иницијаторите на SIA се Нада Прља (уметник) и Даниел Серафимовски (архитект и едукатор).
Уметнички контекст:
Како галерија и како независен простор, SIA е лоцирана во Скопје. Концептуално, SIA има за цел да се вклучи во нашите соодветни локални контексти, дури и директно да интервенира во разрешување на статус кво. Како иницијатива, ние сме главно заинтересирани за набљудување, истражување, анализа и конструктивен и креативен одговор на нашите локални контексти.
Нашиот контекст се: Скопје, како град кој поминал низ неколку драматични промени во подалечното и поблиското минато; Македонија, како земја/регион кој делува како основа за развојот на критичката/креативната анализа на специфичните културни и општествено-политички околности.


Исто така, ние сме заинтересирани за односот на тоа како нашиот „локалитет“ (културно, политички и општествено) се поврзува со паралелните културни иницијативи, од градовите и земјите на Западниот Балкан и пошироко. Во однос на ова, SIA е заинтересирана за ширење и развивање на дефиниции на заедницата, ангажирање не само во/со локалната заедница, туку да дејствува надвор од границите и помеѓу културите.
Преку организирање на изложби, вклучување во академски дискусии и работилници, како и овозможување престој за куратори, уметници и архитекти, SIA се обидува да ја преиспита улогата на културата во едно општество, со промовирање на отворен пристап и транспарентност во споделувањето информации, заеднички интереси и цели.
SIA има четири главни активности:
СИА ГАЛЕРИЈА
СИА АГЕНЦИЈА
СИА RESIDENCY