Христина Иваноска
Дипломирала и магистрирала на Факултетот за ликовна уметност во Скопје. Иваноска има реализирано бројни самостојни и групни изложби и проекти во земјата и странство меѓу кои: Букурешт (2013), Грац (2013, 2009), Берлин (2011, 2008), Москва (2010), Стокхолм (2008), Љубљана (2008), Белград (2007), Лондон (2006), Скопје, и други. Остварила стидиски престој преку Артслинк во Кливеленд институтутот за уметности (2004), како и резидентен студиски престој во ИАСПИС, Шведска (2008). Во соработка со Јане Чаловски работи на заеднички авторски проекти од 2000 година; во 2004 го основаат Проектен простор Прес ту Егзит и дејствуваат во независниот културен сектор во Mакедонија и регионот.