КУРИРАЊЕ ОПШТЕСТВО И ПРОДУКЦИЈА НА МОЌ

КУРАТОРСКИ РАЗМЕНИ 3:
КУРИРАЊЕ ОПШТЕСТВО И ПРОДУКЦИЈА НА МОЌ
7-9 мај, 2014, Скопје

КУРАТОРСКИ РАЗМЕНИ е годишен симпозиум кој ја третира локалната и регионална потреба од квалитативна размена на знаење и искуства кои се однесуваат на уметнички истражувања, кураторски практики и едукација.

КУРАТОРСКИ РАЗМЕНИ 3: КУРИРАЊЕ ОПШТЕСТВО И ПРОДУКЦИЈА НА МОЌ е подготвен со намера да се осврне на прашањето за тоа како теолошки, политички и економски изведениот дискурс денес, може да курира општествено критички концепт, или, на кој начин дискурсот произведен од државата, теологијата и политиката се вклопува во денешниот културен контекст. Програмата вклучува предавање од проф. Гил Аниџар (Gil Anidjar) и проф. Софија Грандаковска, изложба на уметницата Христина Иваноска и разговор помеѓу авторката и културниот теоретичар Искра Гешоска. Куратор на програмата е Јане Чаловски.

Симпозиумот е инициран во 2012, a овогодинешното, трето по ред издание на програмата е поддржанo од Министерството за култура на Република Македонија, и е реализирано во партнерство со ГЕМ (Граѓани за европска Македонија) и СИА (Serious Interest Agency).

ПРОГРАМА

7-ми мај
Отворање на изложба
Христина Иваноска: La Mystérique (Патот кон милоста)
Локација: SIA Gallery, Скопје
Отворање: 7-ми мај, од 20:00 до 21:30 ч.

8-ми мај
Локација: ГЕМ
Време: 19:00 – 21:00 ч
Чии граѓани беа Евреите депортирани од Македонија?
Предавање на Софија Грандаковска
придружено со отворена дискусија со гостите и публиката

9-ти мај
Локација: ГЕМ
Време: 19:00 – 21:00 ч.
Промотивен говор на Софија Грандаковска за делото на Гил Аниџар (Gil Anidjar)
“Раса, нација, религија” предавање на Гил Аниџар (Gil Anidjar)

За повеќе информации Ве молиме да нè контактирате на:
presstoexit@gmail.com; 075-299-889 (Јане Чаловски)

Кратки наративни биографии за учесниците:

Гил Аниџар предава на Катедрата за религија и на Катедрата за студии по Среден Исток, Јужна Азија и Африка на Универзитетот Колумбија (САД). Тој е автор на „Нашето масто во Андалузија: Кабала, философија, книжевност во арапско-еврејските писма [2002]; „Евреинот, Арапинот: историја на непри-јателот“ [2003], „Семити: раса, религија, литература“ [2008] и „Крв: Критика на христијанството“ [2014]. Во моментов е гостувачки професор на Факултетот за медиуми и комуникации во Белград.

Софија Грандаковска е автор на: „Говорот на молитвата“[2003] и „Портретот на сликата“[2010], приредувач и коавтор на двојазичната хрестоматија „Евреите од Македонија и холокаустот: историја, теорија, култура“ [The Jews from Macedonia and the Holocaust: History, Theory, Culture][2011] и коуредник на двојазичното bookzine издание DOMA [HOME][2010]. Таа е кокуратор на мултимедијалната изложба „Евреите од Македонија и холокаустот“ (Македонска академија на науките и уметностите, Скопје, 2011, и Галерија на еврејската заедница во Белград, Белград, 2013).

Христина Иваноска е ликовен уметник. Дипломирала и магистрирала на Факултетот за ликовна уметност во Скопје. Има реализирано бројни самостојни и групни изложби и проекти во земјата и странство меѓу кои: Москва (2010), Стокхолм (2008), Љубљана (2008), Белград (2007), Лондон (2006), Скопје (2005, 1999, 1998), Босвил (1998) и други. Остварила стидиски престој преку Артслинк во Кливеленд институтутот за уметности (2004), како и резидентен студиски престој во ИАСПИС, Шведска (2008). Во соработка со Јане Чаловски работи на заеднички авторски проекти од 2000 година; во 2004 го основаат Проектен простор Прес ту Егзит и дејствуваат во независниот културен сектор во Mакедонија и регионот.

Искра Гешоска дејствува во независниот културен сектор повеќе од 20 години. Таа е претседател на Контрапункт – асоцијација за развој на критичка мисла, културни политики и активизам. Во приодот од 2002 – 2010 раководеше зо независниот културен центар Точка. Теориска сфера на нејзин интерес се политичките и естетските преплетувања во социо-културниот контекст. Пишува и објавува есеи и критички текстови поврзани со третманот на социо-културните феномени, како и текстови од сферата на изведувачките и визуелните уметности.

Јане Чаловски е уметник, истражувач, и куратор. Има реализрано бројни меѓународни самостојни и групни изложби и проекти. Живее и работи во Скопје каде што дејствува во независниот културен сектор од 2004.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s