Нада Прља

Нада Прља има живеено и работено во Лондон од 1998 година, каде се има здообиено со MPhil (Master of Philosophy – Research by Project) од Кралскиот колеџ за уметност (Royal College of Art) во Лондон, по дипломирањето на Факултетот за ликовни уметности во Скопје и претходно завршеното Средното училиште за ликовна уметност и дизајн „Лазар Личеновски во Скопје.

Прља работи како професионален уметник од 1998 година и како универзитетски предавач од 2005 година а повремено има работено како куратор, потоа графички дизајнер, уметнички директор во периодот од 1993 до 2005 година.

Ликовен уметник

Прља има учествувано на следните Биеналиња: 5th Moscow Biennial (Филмска програма), Москва (2013)7th Berlin BiennialБерлин (2012); Manifesta 8, The European Biennial of Contemporary ArtМурсија (2010) и Меѓународното Графичко БиеналеЉубљана (2009).

Има остварено бројни самостојни изложби од кои  позначителните се одржани во: ФУТУРА Центарот за современа уметност, Прага (2013)Lakeside Kunstraum, Клагенфурт (2010);  СЦ Галерија, Загреб (2009),   Музеј на град Љубљана – Vzigalica, Љубљана (2009);  Музеј на современа уметност, Скопје (2008);  Национална галерија на Македонија, Скопје (2007), итн.

Има учествувано во повеќе од 80 групни изложби, меѓу кои позначителни претставувања се во следниве институции и галерии: White Cube,  Лондон (2013);  Calvert 22, Лондон (2013); Lewis Glucksman Gallery, Корк (2013); Palais de Tokyo, Париз (2013); Dorsky Галерија, Њујорк (2012); Sztuki Музеј, Лоѓ (2011); INIVA Институт за меѓународни уметност, Лондон (2009); DRAF Фондација за уметност Дејвид Робертс, Лондон (2009);  Шкуц галерија, Љубљана (2009) ;  Tina B – фестивал за современа уметност, Прага (2008), Zacheta Националната галерија на уметност, Варшава (2008), итн.

Има одржано бројни јавни презентации, меѓу кои во Nottingham Contemporary (2013); Academy of Fine Art (2011), Kunsthalle Exnergasse (2010) двете во Виена; ICA, Лондон (2011), INIVA Институт за меѓународни уметност (2010, 2007), TATE (2009)UCL – University College of London (2010) сите во Лондон, итн. Бројни книги, списанија и весници имаат објавено критички текстови и рецензии за нејзините дела.

Универзитетски предавач

Како предавач на предмети од областа на уметноста, Прља има работено како виш предавач (Senior Lecturer) за BA (Bachelor Degree/Додипломски Студии) во Istituto Marangoni (2005-2013), факултет со кампуси во Лондон, Милано, Париз и Шангај, кој порано ги опфаќал сите гранки на уметноста и дизајнот,  од 2013 година се специјализираше за моден дизајн, поради што Прља го прекинува овој работен однос. Во Иституто Марангони Прља има предавано различни предмети меѓу кои и Уметничка практика, Истражување на теоријата, методологијата и практиката во уметноста, итн.

Покрај тоа таа има работено како предавач (Visting lecturer) во Велика Британија, на различни додипломски Студии  (Bachelor Degree) и постдипломски студии  (Master of Arts),  на London Metropolitan University сега Sir John Cass Faculty of Art, Architecture and Design (2006-2013); Goldsmith UniversityUCL – University College of London сите во Лондон; потоа на Aberdeen University, Абердин, итн.

Графички дизајнер

Пред и во текот на студирањето, уметничката кариера и предавачкото искуство (од 1993 до 2005 година, повремено до 2009 година), Прља има работено и  како графички дизајнер.

Во Лондон, Велика Британија има работено во  David James and Associates (http://dja.dj/) компанија за креативна дирекција и графички дизајн од 2001 до 2005 година  како главен сооработник на уметничкиот директор Дејвид Џејмс во бројни проекти, создавајќи ја креативната дирекција за рекламни кампањи за колекциите на Prada (2001-05), Miu Miu (2001/03), Loui Vuitton (2004)  во директна соработка со Дејвид Џејмс. Потоа, има работено и на дизајнот поврзан со уметноста, како на пример за Gagosian Gallery, Њујорк/Лондон/Париз/Атина/Женева (изработка на каталози, покани за изложби, промоција на изложби во уметнички списанија), Tranzit Галерија, Лондон (изработка на каталози, покани за изложби), издавачката куќа Rizzoli Publishing , Њујорк/Лондон (изработка на дизајн на книги). Има работено на редизајнот на AnOther Man Magazine (AnOther Magazine), потоа како уметнички директор и уредник на Space Magazine за култура (2004/05), Лондон, Велика Британија.

Од 2007 до 2009 година за потребите на Istituto Marangoni  во Лондон, Париз и Милано беше директор на визуелната комуникација и арт директор на целиот  визуелен материјал  (каталози, покани, итн.) за Марангони универзитетите во наведените градови. Воедно во истиот период, Прља има изработено идејно решение за голем број на постери користени за организирање  на разни настани и предавања на Лондонскиот Универзитет Метрополитен (London Metropolitan University).

За подетални информации околу изложбената и друга уметничка историја и истражување и проектитепосетете ја веб-страницата: www.seriousinterests.co.uk или nadaprlja.com

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s