НАДА ПРЉА

Нада Прља
Нада Прља

 

 

 

 

 

 

Нада Прља е родена во Сараево (1971). Од 1982 година живее во Скопје, од 1998 година престојува и работи во Лондон, а од 2014 година на релација Скопје и Лондон. Својата ликовна едукација ја започнува во Државното средно училиште за ликовна уметност и дизајн. Подоцна, се стекнува со Диплома на Факултетот за ликовна уметност во Скопје, а своето едукативно искуство го дополнува со магистерски студии по Филозофија на уметност (MPhil) на Кралскиот колеџ за уметност во Лондон.

Интересот на Прља е сконцентриран кон комплексните состојби во општеството, особено нееднаквоста и неправдата предизвикани од политичките и економските состојби. Користејки различни медиуми, своите дела ги презентира преку видео инсталации, перформанси и јавни уметнички проекти.

Делата на Прља беа презентирани во меѓународни рамки од кои најазначајни се: на 5th Moscow Biennale, Москва (2013); 7th Berlin Biennale, Берлин (2012); Manifesta 8, Мурциа (2010); International Printmaking Biennale, Љубљана (2009); Varna Biennale, Варна (2008).

Нејзината работа била претставена во многубројни соло и групни изложби ширум светот, меѓу кои најзначајни се во: Palais de Tokyo, Париз (2013); White Cube, Лондон(2013); Haus der Kulturen der Welt, Берлин (2013); FUTURA centar, Прага(2013); The Museum of City, Vzиgalica, Љубљана(2012); Музеј на Современа Уметност, Скопје(2010); Hong-Gah National Museum, Таипеи (2010); Zacheta National Gallery of Art, Варшава (2010), итн.

Прља, во текот на живеењето и работата во Лондон, освен активнста во областа на уметноста, од 2005.година предавала на повеќе Британски универзитети. По враќањето во Скопје (2014.г.) таа интензивно се занимава со кураторство, низ бројни проекти, од кои најповеќето се поврзани и се одвиваат во независниот културен центар /Галериски простор Агенција за Сериозни Интереси (Serious Interests Agency), кој е инициран и основан од нејзина страна.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s