ПОЗАДИНА НА ПРОЕКТОТ

Изложбата насловена како „Во тимот е силата – Тигрите“, која беше отворена на 10ти декември 2014 во Музејот на современата уметност во Скопје, Македонија, ја прикажува работата на полската архитектонска група ‘Тигри’, која претставува соработка помеѓу архитектите В.Клишевски, J.Мокшињски и E.Вјежбицки. Нашироко признаени како едни од најзначајните и најплодните модернистички полски архитекти, тие исто така се и автори на победничкиот проект за Музејот на современата уметност во Скопје, кој е еден од најдобрите примери за модернизмот на 20тиот век во Македонија и еден од најценетите објекти во Скопје.

Природонаучен музеј
Природонаучен музеј на Татранскиот национален парк, Закопане
Зграда на Централниот комитет на Полската обединета работничка партија, Варшава
Зграда на Централниот комитет
на Полската обединета работничка партија, Варшава
Железничка станица, Катовице
Железничка станица, Катовице

Околностите при реализацијата на овој значаен објект, кој е подарок од Владата на Република Полска како гест на поддршка и меѓународна солидарност непосредно по земјотресот во Скопје, дополнително го продлабочува симболичното значење на оваа зграда. Положбата на музејот на врвот на Скопското Кале, високо над градот – веднаш доминира со своето присуство и видливост од сите страни, додека во исто време гледа над целиот град – го поставува музејот во централна позиција на гратскиот (културолошки) пејзаж, како и во колективната меморија на неговите граѓани. Истовремено, клучната улога на музејот како национална културна установа исто така е потврдена со неодамнешното реновирање на зградата, навреме завршено за прославата на 50 годишнината од нејзиното основање.

 

Сите горенаведени фактори допринесуваат за важноста на тековната изложба за работата на Тигрите, одржана во една од нивните највреднувани објекти – Музејот на современата уметност во Скопје – да се совпаднат со претходно споменатата прослава за 50 годишнината на музејот. Во тој контекст и особено во време кога значајното наследство на модерната архитектурата на градот во голема мера се дискредитира со актуелната политичка клима, нам, како Агенција за сериозни интереси, ни претставува задоволство што сме вклучени во изложбата која го прикажува талентот на полскиот архитектонски тим ‘Тигри‘, додека во исто време го нагласува квалитетот на едно од нивните најважни дела, Музејот на современата уметност во Скопје.

Макета - Музеј на современата уметност
Макета – Музеј на современата уметност 
Музеј на современата уметност, јужна фасада
Музеј на современата уметност, јужна фасада
Оригинален цртеж на пресек на зградата на МСУ
Оригинален цртеж на пресек на зградата на МСУ
НУ МСУ, Цртеж на Проф. Мартин Гулески, 2014
НУ МСУ, Цртеж на Проф. Мартин Гулески, 2014

Актуелната изложба се базира на оригиналната изложба која беше одржана во Варшава оваа година во мај, ‘Во тимот е силата – Тигрите’подготвена од Полското здружение на автори (ZAIKS). Изложбата вклучува девет проекти на Тигрите, од кои еден е и самиот проект на НУ МСУ во Скопје. За скопската верзија на изложбата, додадена е значајна количина на нови материјали, фокусирајќи се на НУ Музеј на современата уметност во Скопје – нашироко сметан за еден од најзначајните достигнувања на Тигрите.

Oригиналната изложба „Во тимот е силата - Тигрите“, подготвена од Полското здружение на автори (ZAIKS)
Oригиналната изложба „Во тимот е силата – Тигрите“, подготвена од Полското здружение на автори (ZAIKS)
Oригиналната изложба „Во тимот е силата - Тигрите“, подготвена од Полското здружение на автори (ZAIKS)
Oригиналната изложба „Во тимот е силата – Тигрите“, подготвена од Полското здружение на автори (ZAIKS)

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s