Политизацијата на отфрленото *

 

Агенција за сериозни интереси (SIA) ве поканува на отворањето на изложбата Политизацијата на отфрленото, изложба на авторките Кристина Божурска и Зорица Зафировска, како резултат на отворениот повик објавен пред крајот на 2014 година.

Отварање на изложба: Четврток, 02.04.2015 година, со почеток во 20:00 ч.

Траење на изложбата: 03.-18.04.2015
Агенција за сериозни интереси (SIA)
Адреса: ул. Ѓорѓи Пешков 6, прв кат, 1000 Скопје
Веб: www.seriousinterestsagency.com

 

При крајот на 2014 година, беше распишан отворен повик за младите визуелни уметници, да пријават свои дела, за учество на изложба во просторот на Агенцијата за сериозни интереси (Serious Interests Agency – SIA) во Скопје.

Screen shot 2015-11-24 at 12.16.03

Screen shot 2015-11-24 at 12.20.06

Главната цел на овој повик беше да им овозможи на учесниците во изложбата да направат конструктивен и креативен одговор на одредени аспекти на нашиот локален контекст во градот Скопје.

Screen shot 2015-11-24 at 12.19.23

Screen shot 2015-11-24 at 12.19.52
Жири комисијата беше во состав: Петра Бишоф од „АртЕнгл“, Бланка де ла Торе, кураторка во „Артиум“, Музејот за современа уметност во Виторија, Шпанија, Марта Попивода, режисерка и културна работничка, недамнешен добитник на наградата „Берлинска уметничка награда за визуелна уметност„ како и д-р Небојша Вилиќ, историчар на уметност и професор при Факултетот за ликовни уметности во Скопје.

Screen shot 2015-11-24 at 12.19.09

Screen shot 2015-11-24 at 12.18.49

Screen shot 2015-11-24 at 12.18.34

Покрај голем број на испратени апликации, уметниците кои го сочинуваа потесниот круг беа Кристина Божурска, Зорица Зафировска, Горан Менков, Душан Пејчев и Зоран Шеќеров. Наместо желбата да се репрезентираат поединечни дела со различни тематики на оделни уметници, жири комисијата, врзувајќи се на тематиката на самиот отворен повик, се определи изложбата да биде конципирана како рефлексија на моменталните збиднувања во нашиот град. Избраните дела обработуваат една тема – положбата на локалниот работник, при што се избрани уметничките делата на Кристина Божурска и Зорица Зафировска (со различен број на гласови на членовите на жирито), да бидат претставени на оваа изложба.

Screen shot 2015-11-24 at 12.19.00

Screen shot 2015-11-24 at 12.18.13

Screen shot 2015-11-24 at 12.16.56

Како што наведе Петра Бишоф, избраните уметнички дела зборуваат универзално и симболички (Божурска) и локално и директно (Зафировска) за положбата на современиот работник, додека Марта Попивода ги препозна позициите кои овозможуваат трансформативно читање на „машките и женските теми“ и создавање на поинакви модалитети во креативните сфери.

Screen shot 2015-11-24 at 12.17.14

Screen shot 2015-11-24 at 12.16.31

Ве покануваме да присуствувате на отворањето на оваа изложба во четврток, 02.04.2015 год. со почеток во 20:00 ч.

___________________

* Насловот е определен од Бланка де ла Торе

Screen shot 2015-11-24 at 12.17.49

Screen shot 2015-11-24 at 12.14.26

 

Биографии на уметничките:

Кристина Божурска е родена 1984 г. во Куманово. Дипломирала на Факултетот за ликовни уметности во Скопје на одделот сликарство. Во моментов е на постдипломски Културолошки студии на Институт за литература.

До сега имала три самостојни изложби: „Цртежи компресии“ во Галерија УНА, Бјаред, Шведска; „Компресии“ во Националната галерија на Македонија, Мултимедијален центар „Мала Станица“, Скопје; и „Garbage Bags“ во напуштен простор во Куманово. Има учествувано на повеќе групни изложби во земјава и надвор. Нејзините видеа биле дел од повеќе интернационални видео фестивали како One Minute Festival Бразил, Projector DVD Festival Холандија, Videoholica Special Selection, итн.

Добитник е на неколку стипендии и награди: Награда за најдобро видео во категорија “Nano MInute” на Меѓународниот видео фестивал во Бразил; награда „Денес“ за најдобар млад уметник во 2010 и стипендија за учество на работилница за Arte Util во Летната школа во Салзбург, Австрија.

 

Зорица Зафировска е родена 1982 г. во Скопје и во 2006 дипломирала на Факултетот за ликовни уметности во Скопје.

Зад себе има 6 самостојни изложби кои се резултат на долготрајни истражувачки проекти кои имаат широк спектар тематики како социјални, културни и општествени, научни достигнувања и конзумеризам. Користи примероци на човечка коса или крв за инсталациите „99% Природно“ (2007) во Магаза, Битола, Dnk prints и во перформансот „My love and my blood“ и инсталацијата „Можеш ли да ја разликуваш вештачката?“ како критички осврт кон злоупотребата на природата. Автор е на публикацијата „Pocketpedia of the human trafficking in the 21st century“ во 2008, резултат на двегодишно истражување на тема трговија со луѓе која беше презентирана на „Expo – Shanghai, artwork and antiques“ во 2009. Изложувала во повеќе земји во Европа, Азија и Америка.

Screen shot 2015-11-24 at 12.15.39

Screen shot 2015-11-24 at 12.14.57

Screen shot 2015-11-24 at 12.15.50

 

Биографиите на жири комисија:

Марта Попивода, живее и работи во Берлин и Белград. Таа е режисерка, уметник и културна работничка, недамнешен добитник на наградата „Берлинска уметничка награда за визуелна уметност„. Марта е Магистер по филмска и ТВ режија на Факултетот за Драмски уметности во Белград. Во 2011 година таа започнува со магистерски студии следејќи ја програма по експериментален филм на одделот по арт и медиа на Берлинскиот Универзитет за уметност. Во рамките на студирањето добитник е на ДААД стипендијата.

Марта е член на едиторијалниот колектив „TkH Walking Theory“, теоретско-уметничка платформа од Белград, преку која таа иницира и учествува во локални и меѓународни уметнички проекти.

Screen shot 2015-11-24 at 12.15.12

Screen shot 2015-11-24 at 12.13.58

Бланка де ла Торе, работи како куратор од 2009 г. во Артиум Музеј, Центар на современа уметност во Виториа-Гастеиз, Шпанија. Претходно во 2004 г., се стекнува со стипендија во MUSAC музејот во Леон, а во 2006 стапува во соработка со Првото Биенале во Сингапур.

Таа е и куратор на голем број значајни изложби и директор на неколку проекти како Biting the Hand that Feeds you, From Here to Everywhere, Profiling Postcity, UN (inverse), Deals, Shapes and Void, Midnight in the City, Santiago Sierra No Global Tour, Esther Ferrer, Ignasi Aballi.

Д-р Небојша Вилиќ е историчар на уметност и редовен професор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Во ноември 1996 г. ја одбранил докторската дисертација на тема „Предметот во уметноста на 20-тиот век“ на Одделението за историја на уметноста при Филозофскиот факултет во Белград, насока модерна уметност.

Последните седум години работи на истражувањето на тема „Политичка уметност“ коешто се однесува на позицијата на „уметноста со релација“ со/во/од/за општествената заедница. Автор е на околу 180 текстови, 11 книги и публикации. Бил куратор на околу педесетина изложби во Македонија и во странство, а учествувал на повеќе од 40 меѓународни симпозиуми и конференции.

Петра Бишоф е стратешки директор од art∡ngle во Белград, Србија, независна организација посветена на развојот на просперитетни општества во регионот преку активно вклучување во културниот развој. Таа работи во земјите од Западен Балкан и воспоставува партнерства со поширокиот регион и со други делови на Европа. art∡ngle е основана во 2012 година и е базирана на искуството од Про Хелветиа – Швајцарската програма за култура во Западен Балкан, во која Петра беше стратешки директор во Скопје.

Screen shot 2015-11-24 at 12.14.44

Screen shot 2015-11-22 at 17.03.51

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s