La Mystérique (Патот кон милоста) by HRISTINA IVANOSKA

на Христина Иваноска
Отворање на изложба на 7-ми мај, од 20:00 до 21:30 ч во SIA Gallery, Скопје
Screen shot 2014-05-05 at 10.09.40

Христина Иваноска и Искра Гешоска ќе иницираат разговор за време на отворањето на изложбата.

Изложбата La Mystérique (патот кон милоста)ги прикажува новите дела на Иваноска работени во различен медиум, а инспирирани од списите на Симон Веил (Simone Weil), француски филозоф од еврејско потекло, христијански мистик и политичка активистка, и Лис Иригаре (Luce Irigaray), француска феминистка, филозоф и културен теоретичар од белгијско потекло.

Делата се однесуваат на сомнежот и стремежот тогаш кога личноста се соочува со своето политичкото, општественото и спиритуалното себство. Веил, посветена христијанка, ја преиспитува својата вера во Бога откако ќе престане да верува дека крштевањето ќе ja осигура нејзината светост. Делата претставени на изложбата се продолжување на истражувањето на Иваноска кон изнаоѓање на начини за индивидуално делување против воспоставените правила и норми, дефинирани од страна на конвенционалните социјални и политички системи.

Изложбата е дел од „Кураторски размени 3: Курирање општество и продукција на моќ“ организиран од Проектен простор Прес ту Егзит и куриран од Јане Чаловски. Симпозиумот се осврнува на прашањето за тоа како теолошкиот, политички и економски изведен дискурс денес, може да курира општествено критички концепт, или, на кој начин дискурсот произведен од државата, теологијата и политиката се вклопува во денешниот културен контекст.

SERIOUS INTERESTS AGENCY
Ѓорѓи Пешков 6 / прв кат / 1000 Скопје / Македонија
E info@seriousinterestsagency.com
www.seriousinterestsagency.com
T + + 389 (0) 75410130
Галеријата е отворена
ЧЕТ – ПЕТ 11.00 – 17.00, САБ 11.00 – 14.00
Во другите денови, само по повик.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s