OPA PROFESSIONAL

Постконцептуални контемплации

на OPA PROFESSIONAL

ВРЕМЕТРАЕЊЕ на изложбата: 26.03. – 28.04.2014

SIA - OPA PROFESSIONAL фотографија од поставката на изложбата
SIA – OPA PROFESSIONAL фотографија од поставката на изложбата

НЕШТО ВО НИШТО

Есеј на Нада Прља (иницијатор на СИА проектите)

Овој есеј за каталогот се совпаѓа со новиот чекор во мојот живот: враќањето во Скопје, Македонија, по 16 години поминати во Лондон, и воспоставувањето на нова платформа за уметноста/кураторското експериментирање, преку широк спектар на медиуми – јавни изложби; онлајн изложби, меѓународни резиденцијални престои и агенција. Овој контекст е важен за овој есеј, особено поради тоа што се совпаѓа со мојата новоформирана перспектива за културната сцена/уметничкиот систем во Македонија што во моментов „повторно го посетувам“. Во исто време е релеванен и фактот, дека предлогот на групата ОПА за изложбата се занимава токму со условите кои ја дефинираат визуелната уметност во Македонија, во овој момент.

Ми беше задоволство додека ги набљудував членовите на ОПА, Дана и Денис, како ја подготвуваат изложбата, нежно одвиткувајќи ги огромните листови хартија, внимателно одржувајќи ја плошноста на нивната површина и темелно проверувајќи дали има честички прашина и засеци. Листовите хартија (300 грамски, бели, сиви, црвени, црни листови…) содржат нежни и прецизни цртежи со мноштво линии направени со маркери во боја. Бев по малку вознемирена од несопирливата желба да се внесам во чувството на визуелно задоволство предизвикано од овие испреплетени линии, се прашувам: како се направени тие линии? Зошто се преплетени на начинот на којшто се? Поставувајќи си ги овие прашања, зачекорувам на „безбедно тло“ на размислување за создавањето на ликовната уметност. Но, веднаш се раѓа прашањето во мене – дали сум заробена во тој најлажен и најпогрешен пристап кон проценката на визуелната уметност – оценување на уметничко дело според уметничкиот метод на (физичко) создавање на делото?

SIA - OPA PROFESSIONAL фотографија од поставката на изложбата
SIA – OPA PROFESSIONAL фотографија од поставката на изложбата

Се сеќавам на една критика во „Телеграф“ за изложбата на Метју Барни во Serpentine галеријата во Лондон: „… Метју Барни – можеби најоригиналниот современ уметник – ја одржува својата прва изложба во Велика Британија оваа недела. Ричард Дормент доби ексклузивен пристап до неговиот извонреден креативен процес“ *1

Иако многу години работам како уметник, сè уште ме збунуваат овие преувеличени зборови. Што значи тоа да се опише нешто како „најоригинално“? Како критичарите ја дефинираат „оригиналноста“? Како Ричард Дормент всушност, физички го набљудува овој „извонреден креативен процес“?

Членовите на ОПА често се обидувале да го дематеријализираат уметничкото дело (Изјава, 2011; Ташаци, 2009), освен тоа, тие, исто така се трансформирале во сервис (Professional Site Specific Installers, 2004), но никогаш порано не помислиле да се вратат на „потеклото“ на создавањето ликовната уметност, каде што може да се применат зборовите како што се „оригинален“ или „извонреден креативен процес“. Би можеле да се запрашаме дали има какви било конкретни мотиви кои влијаеле ОПА да го создаде проектот OPA Professional? Ако ова останува (намерно) нејасно, следниве идеи објаснуваат, со сигурност, зошто проектот OPA Professional е избран за отворање на Агенцијата за сериозни интереси (SIA) во Скопје.

Прапочеток 2014 акрил и фломастер на хартија, 70x100cm (детаљ)
Прапочеток
2014 акрил и фломастер на хартија, 70x100cm
Прапочеток 2014 акрил и фломастер на хартија, 70x100cm
Прапочеток
2014 акрил и фломастер на хартија, 70x100cm (детал)

Причина 1 – Во актуелните дела на помладите генерации македонски уметници е очигледно враќањето кон убавината, формализмот и визуелната привлечност – се работи за дела во кои преовладуваат класичните норми на естетиката. Во овие дела од помладата генерација македонски уметници, има малку, или воопшто нема, директна (или дури и скриена) критика на светот на уметноста како систем. Не постои навлегување во позицијата на авторитетот, елитизмот или конформизмот, ниту пак постои сериозен ангажман за општествените или политичките прашања, кои инаку се карактеристика на делата на претходните генерации на уметници – генерацијата на која и припаѓа ОПА. *2

Можеби проектот OPA Professional, е обид на ОПА да дојде поблиску до современите текови во уметничкиот систем, обид да се направат себеси попривлечни или релевантни за одредени критичари, куратори и потенцијални купувачи на уметноста. OPA Professional претставува одредено замирање или повлекување од позицијата на ОПА како концептуални уметници, со цел да се усогласат со современите канони во нашето општество, бидејќи се чини дека тоа е единствената рамка во која уметниците во Македонија можат да работат денес.

Бесконечност 2014 фломастер на хартија, 70x100cm
Бесконечност 2014 фломастер на хартија, 70x100cm
Бесконечност 2014 фломастер на хартија, 70x100cm  (детал)
Бесконечност 2014 фломастер на хартија, 70x100cm (детал)

Причина 2 – Додека „повторно се запознавав“ со македонската ликовна сцена, приметив дека многу уметници не „останале верни“ на своите цели. Навистина, голем број на уметници создаваат дела што се чини дека се направени од страна на два сосема различни уметници. На пример, јавноста може да се запознае со уметник чии дела се навистина општествено-политички ангажирани, а истовремено истиот уметник создава други дела кои првенствено се занимаваат со чисти (апстрактни) форми, стилски шеми на бои и општи прашања на композиција. Таквите уметници имаат два сосема различни идентитети, кои дури и не би можеле да бидат поврзани со модното конфекциско производство, бидејќи двата идентитети се во суштина спротивставени. Оваа форма на двојност, или дури и шизофренија, е поддржана од уметничките институции и разните фондации: културни работници; критичари на уметноста, куратори, купувачи на уметнички дела и, конечно, медиумите – кои се во суштина сите одговорни за овој “сè проаѓа” пристап. Оваа ситуација во сферата на културата, е одраз на општата недоследност во општеството околу нас, каде што политичарите опортунистички менуваат страни – од лево кон десно, од десно кон лево, и повторно од десно кон лево, лево кон десно… без навистина да заземат став и да престават цврст систем на верувања.

Дали оваа изложба, според тоа, претставува обид на ОПА да „се приклучат на клубот“ или обид да најдат начин за овозможување друг, алтернативен, „фабрички“ (авто-генеративен) пристап за создавање уметност?

SIA - OPA PROFESSIONAL фотографија од поставката на изложбата
SIA – OPA PROFESSIONAL фотографија од поставката на изложбата

Причина 3 – OPA Professional намерно ја применуваат методологијата на различни техники, вештини и стилови научени додека членовите на групата ОПА студирале на Факултетот за ликовни уметности во Скопје. Оваа изложба се состои од десет дела на хартија, за кои може да се суди според способноста на уметниците да го применат академскиот сет на вештини, визуелни и естетски вредности, како што се: квалитетот на тежина на линијата, способноста вешто да се примени добро избалансирана шема на боја и слично. Според тоа, локалните академици може да го вреднуваат проектот на OPA Professional од гледна точка на академизмот.

Ние (SIA), би сакале да ги поканиме локалните академици и критичари да ја направат својата проценка и да ги оценат изложените дела според таквите критериуми. Сепак, пред да ги направат тие обиди, јас би сакала да го поставам следново прашање: дали овој вид дела ги прави нивните претходни проекти, кои заеднички ги создале групата ОПА од 2001 година – неакадемски и затоа нерелевантни, па дури и непостоечки? Изложените цртежи се потпишани со потпис OPA Professional. Дали, заради тоа, тие би требало да ги потпишат своите други проекти со името ОПА Аматери?

И, во поширока смисла, може ли/треба ли делата на сите други македонски уметници кои, исто така, се обидоа да ги избегнат академските и естетските канони, да се потпишат како дела на творци-аматери? Ниту Опа, ниту кој било од нас, другите македонски уметници, чии дела се концептуални, контекстуални, site-specific, перформативни итн. – сме формално образовани за овие специфични начини на размислување и работа.

Како заклучок, би додала дека не сум сигурна дали ОПА во својот проект OPA Professional ги применуваат карактеристичните аспекти на нивните претходни дела – чувство на слоевитост, критичност, еден аспект на цинизам или „стратегија на игра“. Сепак, јас сум сигурна дека со изложување на овие 10 цртежи на „ништо“, дека „нешто“ во оваа изложба. Нешто што прецизно и остроумно ги отсликува актуелните услови во македонската уметност и општеството во целина.

Порака за македонските уметници: исчекувајте го со загриженост она што ќе го видите на оваа изложба!

SIA - OPA PROFESSIONAL фотографија од поставката на изложбата
SIA – OPA PROFESSIONAL фотографија од поставката на изложбата

Нотати:

*1 Ричард Дормент, Наслов: Matthew Barney: A visionary straining at the leash, 18.07.2007, http://www.telegraph.co.uk

*2 Иако оваа промена во сфаќањето и создавањето на визуелна уметност е карактеристика на поновата македонска уметност, овој пристап се протега надвор од границите и на него може да се гледа како на актуелна меѓународна „мода“ во современата уметност.

 

ЗА OPA

Screen shot 2014-04-23 at 13.33.44

 

 

 

 

 

OPA Professional e проект на групата ОПА (Опсесивно посесивна агресија), која работи на границите на ликовната, уметноста на новите медиуми и перформансот. ОПА ги преиспитува културните и секојдневните состојби, однесувањето и социјалните навики во одредена средина, во променливите социјални и политички услови.

Формирана е во 2001 година од ликовните уметници Слободанка Стевческа (*1971, Скопје) и Денис Сарагиновски (*1971, Скопје). Двајцата студирале на Факултетот за ликовни уметности во Скопје. ОПА, до сега, има самостојно изложувано во Македонија, Естонија, Словенија, Хрватска, Франција, Германија, САД и Холандија. Има учествувано на повеќе групни изложби и фестивали како Трансмедиале, Берлин; Трансеуропа – Европски театарски и перформанс фестивал, Хилдесхајм; Freewaves – Биенале на нови медиуми, Лос Анџелес; Биенале на современи уметности, Москва; итн. Има остварено резиденцијални престои во Франција, Естонија, Германија и Швајцарија.

http://www.o-p-a.org

Фотографии од отварањето на изложбата

Screen shot 2014-04-23 at 12.59.20 Screen shot 2014-04-23 at 12.59.39 Screen shot 2014-04-23 at 12.59.58 Screen shot 2014-04-23 at 13.01.50 Screen shot 2014-04-23 at 13.03.28 Screen shot 2014-04-23 at 13.04.13 Screen shot 2014-04-23 at 13.04.33 Screen shot 2014-04-23 at 13.05.11 Screen shot 2014-04-23 at 13.05.42 Screen shot 2014-04-23 at 13.06.22 Screen shot 2014-04-23 at 13.06.48 Screen shot 2014-04-23 at 13.07.15 Screen shot 2014-04-23 at 13.07.56 Screen shot 2014-04-23 at 13.09.11 Screen shot 2014-04-23 at 13.11.16 Screen shot 2014-04-23 at 13.12.30

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s