5ТЕ ФИНАЛИСТИ

Со задоволство ги објавуваме уметниците кои го соочинуваат потеснот круг:

Screen shot 2015-03-03 at 20.37.18
Кристина Божурска, Пројект Тo Work, to working, Искористено и фрлено, Масло на платно, 300 x 150 цм, 2014.

Кристина Божурска е родена 1984 г. во Куманово. Дипломирала на Факултетот за ликовни уметности во Скопје на одделот сликарство. Во моментов е на постдипломски Културолошки студии на Институт за литература.

До сега имала три самостојни изложби: „Цртежи компресии“ во Галерија УНА, Бјаред, Шведска; „Компресии“ во Националната галерија на Македонија, Мултимедијален центар „Мала Станица“, Скопје; и „Garbage Bags“ во напуштен простор во Куманово.

Има учествувано на повеќе групни изложби во земјава и надвор како: „Биеналето на млади уметници од Евопа и Медитеранот“, Media art=social power, Expoart, Приштина, Косово; Отворено студио ISCP, Њујорк; Таlk Art , Галерија ЕПГ, Париз; Looking Forward, Совремна уметност на Источна Европа, Национална галерија, Подгорица итн. Нејзините видеа биле дел од повеќе интернационални видео фестивали како One Minute Festival Бразил, Projector DVD Festival Холандија, Videoholica Special Selection, итн.

Добитник е на неколку стипендии и награди: Награда за најдобро видео во категорија “Nano MInute” на Меѓународниот видео фестивал во Бразил; награда „Денес“ за најдобар млад уметник во 2010 и стипендија за учество на работилница за Arte Util во Летната школа во Салзбург, Австрија.

 

Screen shot 2015-03-05 at 13.19.47
Зорица Зафировска, Проект Позади црвената лента, цртеж со молив.

Зорица Зафировска е родена 1982 г. во Скопје и во 2006 дипломирала на Факултетот за ликовни уметности во Скопје.

Зад себе има 6 самостојни изложби кои се резултат на долготрајни истражувачки проекти кои имаат широк спектар тематики како социјални, културни и општествени, научни достигнувања и конзумеризам. Користи примероци на човечка коса или крв за инсталациите „99% Природно“ (2007) во Магаза, Битола, Dnk prints и во перформансот „My love and my blood“ и инсталацијата „Можеш ли да ја разликуваш вештачката?“ како критички осврт кон злоупотребата на природата. Автор е на публикацијата „Pocketpedia of the human trafficking in the 21st century“ во 2008, резултат на двегодишно истражување на тема трговија со луѓе која беше презентирана на „Expo – Shanghai, artwork and antiques“ во 2009. Изложувала во повеќе земји во Европа, Азија и Америка.

 

Screen shot 2015-03-03 at 20.38.03
Горан Менков, Проект Бајата Уметност, Хибернација-Реанимација, Деконструктивно декомпонирање, мувла на гипскартон, 60/80цм. Горан Менков, Бајата Уметност, Проект Хибернација-Реанимација, Деконструктивно декомпонирање, мувла на гипскартон во галеријскиот простор, 60/80цм, 2013.

Горан Менко во своето творештво Менков се служи со неконвенционални матерјали, техники на создавање и состојби на изложување. Напоредно го развива своето формалистичко истражување со константно надградување на сопствениот естетски сензибилитет, движејќи се во насока на своевидна рефлексија на протоминималистичка форма, креирајки дела кои ги надминуваат рамките на традиционалните ликовни медиуми и преставуваат условна синтеза на истите. Воедно ги истражува рамките и дефинициите на ликовно уметничките креативни процеси, уметничкото дело и системот на уметноста со дела кои се од органска природа (колонии на мувла) и преставуваат живи организми кои го преиспитуваат процесот на уметничка креација, презервација на уметницки артефакти и останати содржински слоеви.

Горан Менков ( 1987, Скопје, Македонија) е македонски ликовен уметник. Дипломира на Факултетот за Ликовни Уметности, Скопје.

Менков креира со неконвенционани матерјали и ги проширува рамките на ликовната уметност, тој за прв пат на глобалната ликовно уметничка сцена, употребува мувла како сликарска техника за создавање на ликовно уметнички дела. Овие експериментални Мувлосани слики ги изложува на неговата самостојна изложба Бајата Уметност, Хибернација, Скопје, Македонија, 2013.

Некои од неговите најзначајни изложувања се на IX и X Биенале на Млади (2011,2013) при Музејот на Современа уметност, Скопје, Зимскиот Салон 2014 на ДЛУМ и првиот саем за современи уметности Паратисима Скопје 2014 ( каде е еден од селектираните автори кои ќе се престават во Торино, Италија) . Во 2013 Менков ја претставува Република Македонија на VII Франкофонски Игри кои се одржани во Ница, Франција, од 6-15 Септември. Тој е член на официјалната Македонска Делегација ( Ликовна Уметност, Сликарство).

Добитник е на повеќе награди и признанија од кои наградата Експериментален Цртеж 2013 доделена од страна на уметничкиот совет на ДЛУМ и специјалната награда од интернационалното жири на 42ра Светска галерија на цртеж, Остен, Скопје 2014. Во 2014 е номиниран за наградата Денес, Млад ликовен уметник на годината, организирана од страна на Центарот за Современи уметности, Скопје.

 

Screen shot 2015-03-03 at 20.38.43
Душан Пејчев, КУЛТУРЕН АНИМАЛИТЕТ / КУЛТУРЕН АНИМАЛИТЕТ 2, 2014, ЕМАЈЛ БОИ НА ПЛАТНО, 246 x 410 cm

Душан Пејчев е уметник чии што дела се работени во доменот на културната мобилизација, систематизација, моделирање на човековата реалност и создавањето на кожурецот на културните догми, незанемарувајќи ја атавистичката димензија на човековото постоење.

Како медиум на изразување го користи сликарството. Материјалите кои се користени за реализирање на овие дела се емајл бои, со кои е сликано на рекламна церада и платно.

Биографија

Душан Пејчев е роден во Скопје, Македонија. Живее и работи во Скопје. Дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, Македонија, катедра по сликарство во 2013. Самостојни изложби: Музеј на град Скопје, Скопје (2014). Пејчев земал учество во бројни групни изложби, најистакнати презентации на неговите дела биле во Галерија 7, Скопје (2013); UNU Novi Sad, Нови Сад, Футог (2013, 2014).

Добиени награди: награда „Борко Лазески“ за инвентивни достигнувања во сликарскиот оддел, Скопје, 2013; третa награда на меѓународниот конкурс за мал формат во Нови Сад, 2013.

 

Screen shot 2015-03-05 at 14.07.19
Зоран Шеќеров, проект Стариот век, колор фотографии, 2014.

 

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s